Визија

Визијата на ЛГБТИ центарот за поддршка е општество ослободено од дискриминација, во кое сите луѓе ги уживаат универзалините човекови права и слободи без разлика на новната сексуална ориентација, родов идентитет или која било друга карактеристика.

Мисија

Мисијата на ЛГБТИ Центарот за поддршка е зајакнување на ЛГБТИ заедницата за самозастапување, како и менување на правниот и социјалниот статус на ЛГБТИ луѓето во Република Македонија.

Слоган

Различни. Еднакви. Слободни.

Организациски вредности

Вредностите на ЛГБТИ Центарот за поддршка се базираат на разноликоста, еднаквоста и слободата. Во основата на нашето дејствување се втемелени универзалноста, солидарноста и мирот.

1. Инклузивност

Центарот ги почитува и промовира различностите и се стреми кон вклучување на истите во процесите и активностите.

2. Еднаков третман

Ослободени од предрасуди, ги почитуваме сите подеднакво.

3. Доверливост

Вие сте нашиот приоритет. Ве слушаме, ве разбираме и сѐ останува меѓу нас.

4. Љубов

Google James Blake for more... <3

5. Тимска работа

Поддршката за поединецот е успех за нашите групи кои го сочинуваат тимот на Центарче. Ние сме големо, динамично семејство на ЛГБТИ активисти, поддржувачи, сонувачи...

6. Квалитет

Професионалноста, одговорноста за навремено информирање и советување како и едукацијата со вклучени стручни лица ја одразува посветеноста на нашиот тим.

7. Транспарентност

Работата на Центарот е транспарентна во организацијата, како и кон околината.

8. Зачувување на околината

ЛГБТИ Центарот за поддршка се грижи за зачувување на животната средина.

___________

Кои сме ние

- Борци и промотори на човекови права

- Активисти

- Ентузијасти

- Правници, економисти, машинци, преведувачи, книжевници, политиколози

- Лезбејки, геј мажи, бисексуалци-ки, трансродови и интерсексуални луѓе

- Антихетеронормативци

- Личности од сите возрасти кои делуваат за општествени промени

Зошто постоиме

- Подршка на ЛГБТИ луѓето

- Зацврстување на ЛГБТИ заедницата

- Искоренување на стереотипите и предрасудите во нашето општество

- Менување на социјалниот и правниот статус на ЛГБТИ луѓето во Македонија

- Зголемување на видливоста на ЛГБТИ заедницата

- Отпор на патријархалните и хетеронормативни концепти

- Сензибилизација на надлежните институции и општата јавност

- Јакнење на капацитетите на ЛГБТИ популацијата за самозастапување

- Промоција, заштита и почитување на правата на ЛГБТИ луѓето

- Мониторинг на постојната легислатива, нејзиното извршување и пракса.

- Мониторинг на медиумите

- Градење на мрежи на организации, неформални групи и активисти на национално и меѓународно ниво

На кого му служиме

1. ЛГБТИ заедницата

2. Институциите

3. Целото општество

Фокус групи

- Лезбејки,

- Геј мажи,

- Бисексуалци-ки,

- Транс,

- Интерсексуалци,

- Нивните семејства пријатели и поддржувачи.

Целни групи

- Општа популација

- Донесувачи на одлуки

- Претставници на јавни државни институции на локално и централно ниво

- Млади

- Меѓународна заедница

- Граѓански организации и неформални групи и активисти

- Медиуми

Каде делуваме

Физички локации

a. Центарот

b. МХК

c. Државни институции

d. Приватни институции

e. Организации

f. Мрежи

g. На национално ниво

h. На регионално ниво

i. Европа -> Брисел

Области на практика:

a. Дискриминација (сите области)

b. Судство -> правен сектор

c. Медицинска област

d. Образование

e. Социјални односи

f. Домување

g. Спорт

h. Култура и уметност

Како делуваме

Кон заедницата

- Преку организирање на групи за самопомош.

- Организирање на социјални активности

Во однос на правната рамка и институциите

- Бесплатна правна помош

- Мониторинг, известување, застапување и лобирање во правниот сектор.

Во однос на јавноста

- Организирање на јавни настани, изработка на брошури, дебати и културно уметнички фестивал.

- Работа со медиуми