EN MK
На 27 декември (петок) во 20:00 часот во клубот ГЕМ, во рамки на малиот саем на книги, ќе се одржи промоција на четири наслови објавени во едицијата Квир сквер на Темплум.
Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Хелсиншкиот Комитет за човекови права одржаа настан по повод одбележувањето на Денот на човековите права, 10ти декември, во ЕУ Инфо Центарот во Скопје.
Го одбележуваме Денот на човековите права, 10 декември (вторник), со серија настани во ЕУ инфо центарот.
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ центарот за поддршка го организираат петтиот по ред Марш на толеранцијата кој ќе се одржи на 16 ноември, со почеток во пет до дванаесет, пред Влада...
Конференцијата по повод кампањата „Македонија има љубов за сите“ се одржа на 7ми ноември 2013 во ЕУ Инфо Центарот во Скопје.

Пријатели

НАШИТЕ СИНОВИ И ЌЕРКИ: Прашања и одговори за родителите на лезбијки, геј мажи, бисексуалци и трансродови млади и возрасни

Кликнете на следниот линк за да ја симнете публикацијата на македонски јазик:  Priracnik_za_roditeli_na_LGBTI.pdf  

СТРАТЕШКО ЗАСТАПУВАЊЕ (ЛИТИГАЦИЈА) НА СЛУЧАИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА

Документот за стратешко застапување ги содржи следниве делови:

- Меѓународни извори на заштита од дискриминација кои се однесуваат и на заштита врз основа на СО (сексуална ориентација) (Обединети Нации, Антидискриминациски одредби во европското законодавство, Антидискриминациски одредби во македонското законодавство)
- Поим и дефиниции на Стратешко застапување на случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација (дефиниции од значење за процесот на застапување, како стратешкото застапување ги постигнува целите?, како невладините организации одлучуваат за своите приоритети во застапувањето?, планирање на застапувањето, селекција на случај, стратегија и менаџирање на случајот, имплементација по процесот на застапување)
- Како се прави претставка за случај во судска постапка
- Какви се македонските согледувања и искуства за застапувањето на случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација?
- АНЕКС - Случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во пракса во македонското општество

Документот може да го преземете на следниов линк.