Групата за поддршка на геј мажи е формирана во март 2013. 

Главна цел на групата за поддршка е да се даде поддршка на геј заедницата, и преку редовно состанување, посочување на проблемите со кои се соочуваат геј луѓето и конструктивен пристап кон нивно решавање, размена на идеи и нивна реализација да изградиме што посилна ЛГБТИ заедница, подготвена за самозастапување и спречување на секој можен обид за дискриминација врз истата, а со тоа да им се овозможи на сите ЛГБТИ луѓе да ги уживаат универзалните човекови права и слободи како и сите останати луѓе. 

Сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на состаноците Ве молам оставете контакт – маил на следниов линк или посетете не' во ЛГБТИ Центарот за поддршка секој ден од понеделник до петок, од 10 до 18 часот.