Групата за поддршка на родители, семејства и пријатели на ЛГБТИ луѓе беше основана на денот на промоцијата на Прирачникот за родители и семејства на ЛГБТИ луѓе „Нашите синови и ќерки“, 14.02.2012, а првата средба беше одржана веќе следниот ден.

Групата е отворена за сите родители, семејства и пријатели на ЛГБТИ луѓе, за разговор и поддршка, за да се стигне до фазата на прифаќање од семејството и другите блиски.

Доколку сакате да стапите во контакт со координаторката, тоа можете да го направите на следниов мејл.