На 27 декември (петок) во 20:00 часот во клубот ГЕМ, во рамки на малиот саем на книги, ќе се одржи промоција на четири наслови објавени во едицијата Квир сквер на Темплум.

Станува збор за книгите „Збогум, Берлин“ од Кристофер Ишервуд, „Ред за ручек“ од Уршка Стерле, „Морис“ од Е.М. Форстер и „Во својот двор“ од Сузана Тратник, која штотуку излезе од печат.

На промоцијата ќе се одржи разговор со Никола Гелевски, главниот и одговорен уредник на Темплум. Разговорот ќе го води Биљана Гинова.

Целосната програма на саемот може да ја погледнете овде.

Линк до оригиналната вест.