Претставник на ЛГБТИ Центарот за поддршка одржа работилница во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга во склоп на проектот „Model Human Rights Defenders“ кој го спроведува партнерската италијанска организација CISS. Се работи за проект кој ја промовира заштитата на човековите права, со што целна група се ученици во средни училишта.
 



Работилницата се состоеше од воведно предавање за концептот на човековите права, со конкретен осврт на правата на ЛГБТИ заедницата и ЛГБТИ движењето во Македонија. Следуваше симулирана собраниска расправа помеѓу учениците, модерирарна од нашиот претставник на која тие покажаа навистина исклучителен сензибилитет за проблематиката и мотивирано се впуштија во дебата. Како носители на новите генерации, сметаме дека е од непроценлива важност да ги едуцираме и да ги поттикнеме да станат „модели“ за заштитата на правата на своите ЛГБТИ врсници чии животи во средните училишта се исклучително тешки поради нетолерантноста од околината. Траумите создадени тогаш оставаат длабоки лузни во натамошниот развиток на личноста. Од тоа што го видовме во „Нико Нестор“, убедени сме дека ќе успееме! Благодарност до сите прекрасни деца кои учествуваа!