За Клод Кахун, да се спротивставиш на нормалноста - било доживотен стремеж. Била родена во 1984 година, како квир пионер, уметник кој работел со колажи, фокусирана на испитувањето на идентитетот и родовата флуидност, но значајно и - Евреинка, борец против нацистите. Нејзините портрети се концентрирани токму на испитувањето на идентитетот, а нејзиното реоткривање во 90тите години упатува на тоа дека отпорот на едно лице може да има влијание и низ вековите.

Како ќерка на истакнат еврејски издавач, Кахун е родена како Луси Рене Матилде Швоб во Нант, Франција. Но на возраст од околу 18 години, веќе започнала со лични портрети и идентификација со својата андрогина претстава, под серија псевдоними, а најдолго задржувајќи се токму на „Клод“. Таа се идентификувала извесно време како а-родово лице и ја користела фотографијата како медиум преку кој се канализираат комплексните релации на бинарните, и јавни и лични, идентитети. Овие концепти стануваат познати по Cindy Sherman и Leigh Bowery, но за пред-воена Франција тие бие дотолку прогресивни, дури на ниво на неразбирање.  

Развивањето на Кахун како уметник, e паралелен  процес на интелектуалните размени во завојуван Париз, но нејзините интереси и достигнувања остануваат периферни и доминирани од машките кругови на надреалистите, кои тогаш биле актуелни на сцената. Во 1937 година, Кахун и нејзината долгогодишна уметничка и романтична партнерка Марсел Мур (“l’autre moi” на Кахун), се обиделе да побегнат заедно од анти-семитскиот Париз. И покрај тоа што, технички тие биле полу-сестри (мајката-вдовица на Мур била омажена за разведениот татко на Кахун), и нивното заедничко живеење не привлекувало внимание. И двете станале активен дел од француското движење на отпорот - Association des Écrivains et Artistes Révolutionnaires, користејќи ги своите дизајнерски способности, преку кои биле подготвувани и дистрибуирани флаери со анти-воени пораки, кои биле оставани во џебови од капути или на маси и столови.

Во 1944 година, Кахун и Мур биле уапсени, затворени и осудени на смрт за непочитување на авторитетот на нацистичката власт. Поголем дел од работата на Кахун била конфискувана и уништена, но нејзиниот и животот на нејзината партнерка биле спасени откако војната завршила во 1945 година. Кахун продолжила со својата уметничка професија до крајот на нејзиниот живот. 







Повеќе фотографии на Кахун, може да погледнете овде.

Извор: timeline.com