Во нашата пост-стоун вол ера, хомоеротскиот свет на Том од Финска (Touko Laaksonen) прерасна како културно обележје на еден начин на живот. Во Финска, ова отиде до таму што делата на Том од Финска се употребувани и како позадини на поштенски марки. А наскоро ќе биде објавена и книга од страна на уредникот на “Wallpaper“, Мајкл Рејнолдс, за куќата на Том од Финска во Лос Анџелес, која стана неформален музеј за неговите дела, но и своевидна „Мека“ или „комуна“ за уметници, кои работат слични дела, со истакнати мотиви од хомоеротиката.

Едно од најинтересните прилагодувања и репродукции на опусот на Том од Финска е она на G. B. Jones, уметница од Торонто, која била активна на квир сцената од 80тите години на минатиот век. Во 1985, таа и Bruce LaBruce изработиле една влијателна серија на дела, наречена J.D.s (од “juvenile delinquents” или малолетни деликвенти). Во февруари, 1989 Jones и LaBruce напишале Манифест со наслов „Не биди педер“, кој се појавик на страниците на Maximum Rock and Roll. Според ZineWiki, оваа објава имала голем придонес кон развивање на извесна квир панк култура. 

Во 80тите, исто така, Jones започнала со серии на цртежи, со преземени мотиви од оние на Том од Финска, особено со преземање и прилагодување на карактерите од неговите цртежи - полицајци, бандити, мачо дечки, но со едно превртување: сите карактери од нејзините цртежи се жени. Оваа серија, Jones ја нарекува „Девојките на Том“ (“Tom Girls”), со јасно реферирање на творештвото и оставштината на Том, но имплицирајќи ја и важноста на начинот на живот на сите оние девојки-кои се однесуваат-како дечки, со кое однесување, меѓу другото, се идентификуваат и многу лезбејки.

Дел од цртежите, може да погледнете во продолжение:









Извор: dangerousminds.net