Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, спроведуван од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија (МКХ) – ЛГБТИ Центарот за поддршкаобјавува оглас за ангажирање на четворица/четири негуватели/негувателки во социјален центар – Сигурна куќа.

Опис на работни задачи и обврски:

- Постојана поддршка во работата на менаџерот на Сигурната куќа и стручните работници
- Работа во ноќна смена и за време на викенди и грижа за кохезијата во куќата за време на ноќната смена и викендите
- Постојано мониторирање на живеењето и здравјето на корисниците во Сигурната куќа
- Помагање на корисниците во извршувањето на нивни секојдневни активности кои ќе им придонесат на корисниците за нивниот самостоен живот
- Прифаќање на итни повици, нивно разрешувањe  и кризно сместување во  согласност со Протоколите на Сигурната куќа
- Грижа за почитувањето на Куќниот ред од страна на корисниците
- Придружување на корисниците до соодветни институции и соработка со истите
- Организирање и помагање на настани и активности за корисниците во Сигурната куќа и надвор од неа
- Поднесување месечен извештај за работата и напредокот на корисниците до менаџерот на Сигурната куќа
- Поднесување кратки сменски извештаи до стручните работници и менаџерот и по потреба до МХК и ЛГБТИ Центарот за поддршка

Потребни квалификации:

- Завршено средно образование
- Добро познавање на англиски јазик
- Компјутерски вештини (Microsoft Office пакет и интернет пребарување)
- Добри организациски и комуникациски вештини 

За предност ќе се смета:

- Завршено високо образование од областа на општествено-хуманистички науки
- Искуство во областа на социјална работа
- Работно искуство во областа на заштита на човековите права (пр. cоветување, помагање, работа со граѓани)
- Искуство во работење со жртви на насилство, млади и бездомништво
- Искуство во работење или комуникација со сексуални и родови малцинства
- Искуство во кризни ситуации
- Познавање на албански јазик

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работно искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mkнајдоцна до­­­­­­­17.04.2017, 16:59 часот.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Со десетте најквалификувани кандидати/ки ќе биде спроведено тестирање, по што најдобрите 5 кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка и ќему/и биде понуден работен ангажман.

Договор за дело:

Со избраните кандидати/ки Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за дело на определено време за пробна работа во траење од три месеци со можност за продолжување. Работнот овреме ќе се изведува во три смени. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата. За работното место е предвиден почетен месечен нето паричен надоместок од 18.000,00 денари.