Следејќи ги обидите на локалните ЛГБТИ активисти, организацијата на ЛГБТ Поворката на гордоста во Лос Анџелес одлучи оваа година настанот да го организира во посилна политичка атмосфера.

Претседателот Крис Класен од управниот одбор, на еден собир на локалната заедница, истакна дека и покрај новите насоки и пораки кои ќе бидат испратени, сепак ќе остане потребната доза и на забава.  

Овогодинешната Поворка, значи, ќе биде паралелно одржана со националниот ЛГБТ марш - “Resist march“, закажан во неколку градови низ САД за 11 јуни, датумот кога се одржува традиционално и Поворката на гордоста во Лос Анџелес.  

Со некаква обврзаност тоа да изгледа како Маршот на жените кој се случи на 21 јануари, овој марш ќе започне од Hollywood и Highland во рута од 3.1 милја, се' до авенијата La Brea, потоа кон булеварот Ѕanta Monica и ќе заврши на San Vicente, каде што ќе се одржи Фестивалот на гордоста.  

Од Queerty разговараа со еден од организаторите на маршот, активист од Лос Анџелес, како и со еден полицаец од таму, и тоа кратко по инаогурацјата на Доналд Трамп.

„Можам да ја забележам целата возбуда кај организаторите на Поворката на гордоста во Вашингтон. И поаѓајќи од тоа како влијаеше Маршот на жените на целата земја, тој спој ми изгледаше како природен“ - стои во изјавата на активистот.

До сега, маршот се здоби со околу 23 000 позитивни одговори на  Facebook.

WEHOville известуваат дека се очекува да бидат присутни околу 500,000 луѓе на маршот во Лос Анџелес.

Сепак, Фестивалот ќе биде настан за кој ќе биде потребна влезница со износ од $20 за секој ден, и истиот е закажан за 10-11 јуни, во паркот во West Hollywood.

На програмата стои и еден настан поврзан со транс прашањата и темите. 

Извор: www.queerty.com