Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Хелсиншкиот Комитет за човекови права ве покануваат на настанот по повод одбележувањето на Денот на човековите права, 10ти декември.

Во 11 часот во ЕУ Инфо Центарот ќе се одржи панел дебата и презентација на ЛГБТИ Водичот на Советот на ЕУ, на која ќе учествуваат: Н. Е. Амбасадорот Аиво Орав, Шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија, Уранија Пировска, Извршна директорка на Хелсиншкиот Комитет, Кочо Андоновски, Програмски директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Душко Миновски, Претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, Бен Бакс, Координатор на ЛГБТ програмата во Министерството за малцинства (Холандија) и Мајкл Барон, ко-основач и Извршен директор на BeLonG To (Ирска).

Вториот дел од настанот ќе се одржи во 19:30 часот, исто така во ЕУ Инфо Центарот, со проекција на филмот „Парада“.

Ве очекуваме!