„Молчењето е соучество. И затоа играме“ - под ова мото се одржа квир игранка, на која учествуваа илјадници ЛГБТИ активисти, како и други активисти, како на пример оние посветени на климатските промени, минатата недела, во Вашингтон, пред куќата на Иванка Трамп, ќерката Доналд Трамп. 

Овој вид на протест или протесна игранка, беше одговор на загрижувачките ставови на претседателот на САД, Доналд Трамп. Па така, според официјалната страна од која беше организирана оваа игранка, беше наведено дека се испраќа пораката за „нашата клима и нашата заедница се важни“.

„Целата администрација на Трамп покажа безобзирна непочит за нашата планета и сите ние што ја населуваме, како што јасно се покажа со дислоцирањето на племето “Standing Rock Sioux“ заradi ископувањето на цевководи во Дакота.“ 

Благодарение на уредбата потпишана од претседателот Трамп, од минатиот вторник, регулативите за животната средина доживуваат преврат, и истите ја соочуваат Агенцијата за заштита на животната средина со сериозно кратење на потребните средства за работа. „Реалноста е таква да луѓето кои се најмногу изложени на лошата одлука на администрацијата во врска со климатските промени, се нашите најранливи пијатели: нашите сиромашни, од работничка класа, домородни, трансродови браќа и сестри“ - беше наведено во повикот на оваа протесна игранка. 


„Ние мора да ги поставиме нашите тела на линија на заштита на нашата земја и нејзините ресурси од кои сите зависиме.“

Извор: www.dazeddigital.com