ЏОЏАКАРТА ПРИНЦИПИ (YOGYAKARTA PRINCIPLES)

http://www.yogyakartaprinciples.org/

Во 2006, како реакција на документиран патерн на злоупотреба, истакната група на меѓународни експерти за човекови права се сретна во Џоџакарта, Индонезија за да утврди листа меѓународни принципи поврзани со сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Резултат на тоа беа Принципите Џоџакарта: универзален водич за човекови права кои ги афирмираат обврзувачките меѓународни правни стандарди што сите држави мора да ги почитуваат. Тие ветуваат поинаква иднина каде сите луѓе, раѓајќи се слободни и еднакви по достоинство и права, можат да си ги остварат правата кои им следуваат.

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

Конвенција на ILO (бр. 111) на тема Дискриминација при вработување или врз основа на занимање (1958) (член 1)

Оваа спогодба на Меѓународната Организација на Трудот сама по себе не ја забранува дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација, но им дозволува на политичките партии да додаваат дополнителни основи.Во Австралија, имплементацијата на Конвенцијата во домашната легислатива придонесе кон забраната за служење на лезбијките и геј мажите во армијата во 1992.

Меѓународен пакт за граѓански и политички права (1966) (член 2, 26)

Пактот, како главна меѓународна спогодба за граѓански и политички права, е важен за сексуалната ориентација затоа што во 1994, во случајот Тунен против Австралија, Комитетот за човекови права одлучи дека референците кон „полот“ во членот 2, став 1 (недискриминација) и членот 26 (еднаквост пред законот) од Пактот треба да ја вклучуваат сексуалната ориентација.Како резултат на овој случај, Австралија го укина законот кој ги криминализираше сексуалните односи меѓу мажите во сојузната држава Тасманија.Со овој случај, Комитетот за човекови права создаде преседан во системот за човекови права на ОН во однос на дискриминацијата на лезбијките, геј мажите и бисексуалците.

Конвенција против тортура и друг вид суров, нехуман и понижувачки третман или казнување (1984) (член 1)

Оваа спогодба е важна затоа што не е ограничена само на државните субјекти (владите), а тортурата е широко дефинирана во членот 1:„секој чин при кој голема болка или страдање, физичко или психичко, намерно се нанесува на лице со цел од него или од трето лице да се добијат информации, признание, или да се казни за дело кое лицето или друго лице го има извршено или постои сомнение за извршено дело, или да се заплаши или присили тоа лице или трето лице, или на која било основа за дискриминација од кој било вид, каде болката и страдањето се нанесуваат со поттик или согласност од јавен службеник или друго лице во својство на јавно лице“.Ова ја покажува намерата за решавање на случаи во доменот на спогодбата кога државата не ги истражува или спречува.

Конвенција за правата на детето (1989) (член 2)

Членот 2 од Конвенцијата ја забранува дискриминацијата и бара од владите да обезбедат заштита од дискриминација.Оваа спогодба може да биде релевантна при решавање случаи со дискриминација на лезбијки, геј, или бисексуални деца и/или родители.

Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација кон жените (CEDAW) (1981)

Оваа спогодба може да биде релевантна во случаите на дискриминација кон лезбијки, бисексуални или трансродови жени.

Виш комесар за бегалци на ОН

Од април 1993, Вишиот Комесар за бегалци на ОН (УНХЦР) во неколку Советнички Мислења изјавил дека геј мажите и лезбијките се квалификувани членови на „одредена социјална група“, за целите на Конвенцијата од 1951 и Протоколот за статусот на бегалците од 1967.Во публикацијата „Заштита на бегалци“, УНХЦР вели:„Хомосексуалците можат да бидат квалификувани за статус на бегалци поради прогон заради нивното членство во одредена социјална група.Политиката на УНХЦР е дека на лица кои се соочуваат со напади, нехуман третман или сериозна дискриминација поради нивната хомосексуалност, и чии влади се не можат или не сакаат да ги заштитат, треба да им се признае статус на бегалци.“(UNHCR/PI/Q&A-UK1.PM5/Февруари 1996).

Во Јуни 2011 година помина резолуција во Советот за човекови права на Обединетите Нации за борба против насилството и дискриминацијата низ светот врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Резолуцијата повикува да се спроведе студија на светско ниво за дискриминирачките закони и практики врз основа на сексуалната ориентација и родов идентитет и да погледне како законодавството за човекови права може да биде употребена за искоренување на  ваквото насилство и прекршоци на човековите права. Резолуцијата беше усвоена со 23 за, 19 против и 3 воздржани гласови. (A/HRC/17/L.9/Rev.1)

Механизми на ОН надвор од постоечките конвенции

Механизмите кои не се базираат на спогодби на ОН се особено корисни во итни ситуации.Комисијата за човекови права – главното тело на ОН кое дискутира за човековите права, усвојува резолуции и иницира нови спогодби – главно дејствува преку своите Специјални известувачи (назначени за држави или теми) и своите Работни групи.

Двајца од Специјалните известувачи се осврнаа на сексуалната ориентација во нивните извештаи и акции: Специјалниот известувач за  Extra-judicial, Arbitrary, or Summary Executions и Специјалниот известувач за насилството врз жените.

  

АФРИКАНСКА УНИЈА (Порано позната како Организација за африканско единство, ОАU)

Африканска повелба за човекови и граѓански права (1986)

Оваа спогодба беше усвоена од Организацијата за африканско единство (сега позната како Африканска унија) и е најшироко прифатениот регионален инструмент за човекови права; ратификувана е од повеќе од 50 држави.Ја осудува дискриминацијата и се однесува на одредени права, но досега, нејзиното тело за мониторинг и имплементација – Африканската комисија за човекови и граѓански права се’ уште официјално не работела со сексуална ориентација.

  

СОВЕТ НА ЕВРОПА

Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи (1949) (член 8, 14)

Важноста на Конвенцијата (скратено ЕКЧП) беше установена во серија случаи во кои Европскиот Суд за човекови права пресуди дека дискриминацијата во кривичното право во однос на одредени односи меѓу возрасти во приватност е спротивна на правото на почитување на приватноста според членот 8 од ЕКЧП (Даџон против В. Британија, 1981, Норис против Ирска , 1988, Модинос против Кипар 1993).Судот беше последното меѓународно тело кое утврди дека законите кои ја криминализираат сексуалната ориентација ги прекршуваат човековите права и има најдолга и најголема правна историја во работата со случаи кои се однесуваат на сексуалната ориентација.Судската пракса исто така содржи одлука на Европската комисија за човекови права (поранешно примарно тело за индивидуални жалби) од 1997, која вели дека поголема возраст за согласност за хомосексуални односи за машките хомосексуалци отколку возраста за хетеросексуални односи претставува дискриминација врз основа на член 14 од ЕКЧП, во однос на почитување на правото на приватност (Сатерленд против В. Британија).

Што се однесува до дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација во војската, ставот на Судот е дека забраната за служење војска за хомосексуалците е прекршување на член 8 од ЕКЧП (Лустиг-Прин и Бекет против В. Британија, 2000).Исто така во 2000, Судот одлучи дека со осудувањето на маж поради групен хомосексуален однос во приватни услови, државата ја прекршила Конвенцијата (А. Д. Т. против В. Британија).

Во случајот Салгеиро да Силва Моута против Португалија, Судот одлучи дека на татко-хомосексуалец не може да му се одземе старателството врз детето поради неговата хомосексуална ориентација, поради тоа што ова претставува прекршување на правото на семеен живот во членот 8 од ЕКЧП.Судот потврди дека членот 14 од ЕКЧП (недискриминација) ќе се толкува како да содржи сексуална ориентација.

Сепак, ставот на Судот за примената на Конвенцијата во однос на случаите со сексуална ориентација има некои граници, на пример Судот има донесено одлука дека хомосексуалните садомазохистички практики, иако се меѓу двајца возрасни кои дале согласност, можат да бидат прогласени за незаконски поради здравјето (Ласки, Јагард и Браун против В. Британија, 1997).

Судот исто така одлучи дека „правото на почитување на приватниот и семејниот живот“ не може да се примени во случај на врска со трансродово лице и ја потврди одлуката на В. Британија дека само биолошки маж, а не трансродово лице кое преминува во машки пол, може да биде признаен како татко (X, Y и Z против В. Британија, 1997).

Европска Социјална Повелба (1949)

Оваа спогодба ги штити социјалните и економските права, а нејзиниот Европски Комитет за социјални права ги испитува досиејата за човековите права на земјите.Комитетот прима ставови само од групи кои имаат консултативен статус во Советот на Европа, како на пример Меѓународната асоцијација на лезбијки и геј мажи (ILGA).

Комесарот за човекови права беше назначен од страна на Советот на Европа во 1999. Канцеларијата на Комесарот за човекови права е независна институција при Советот за Европа која се стреми да ја подигне свеста за човековите права и нивното почитување во државите-членки на Советот.Комесарот може да добива поединечни случаи и веќе ја има посочено проблематиката за сексуалната ориентација во своите извештаи и посети на земјите-членки.

Парламентарното собрание на Советот на Европа игра важна улога при мониторингот на третманот на човековите права во земјите-членки и државите кои бараат членство во Советот на Европа.Некои од земјите-членки ги укинаа нивните кривични закони насочени против лезбијките, геј мажите и бисексуалците пред да бидат признати како членки или беа и натаму притискани за остварување на ветувањето за укинување на тие закони дадени во моментот на нивно признавање како членки на Советот.

Собранието усвои неколку (необврзувачки) резолуции и препораки во однос на сексуалната ориентација и стандардите на Советот на Европа: Препораката 924/1981 беше првата и целеше кон забрана за дискриминација на лезбијките, геј мажите и бисексуалците по која што следеа неколку резолуции повикувајќи ги државите-членки да гарантираат за правото на азил на лица кои се прогонувани поради нивната сексуална ориентација и да даваат право на предсој и имиграциони права на бинационални истополови двојки, права кои произлегуваат од регистрирани истополови партнерства итн.

Комитетот на министри на 31 март 2010 на 1081-вата сесија на замениците на министрите ја усвои препораката CM/REC(2010)5 која се однесува на мерките за борба против дискриминацијата по основа на сексуална ориентација или родов идентитет.


ЕВРОПСКА УНИЈА (ЕУ)

Неколку закони на Европската Унија нудат заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и дополнителни услови се поставени во однос на човековите права на државите-кандидатки за членство во Унијата.

Основачките договори на ЕУ беа дополнети прекуАмстердамскиот договор со кој ЕУ беше оспособена за борба против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација.На 1 мај 1999 година стапи на сила следната одредба од член 13 на ЕК како дел од првиот меѓународен договор кој експлицитно ја споменува и ја штити сексуалната ориентација:„[…] Советот едногласно, по предлогот на Комисијата и консултациите со Европскиот Парламент, може да преземе соодветни мерки против дискриминацијата врз основа на пол, расна или етничка припадност, религија или верување, хендикеп, возраст или сексуална ориентација“.

Во декември 2000, Советот усвои (обврзувачка) општа Рамковна директива за еднаков третман при вработување, која забранува директна или индиректна дискриминација врз основа на религија или верување, возраст, хендикеп или сексуална ориентација.Рамковната Директива е обврзувачка за сегашните земји-членки, додека кандидатите за членство треба да ја завршат имплементацијата на Директивата пред нивниот влез во ЕУ.

Повелбата за основни права на ЕУ треба да биде европски код за основните права и беше прокламирана во Ница во декември 2000. Повелбата во моментов е необврзувачки документ, но е важна затоа што ја изразува визијата на ЕУ во областа на човековите права.За лезбијките, геј мажите и бисексуалците, Повелбата е важна заради експлицитните недискриминаторски одредби во членот 21 (1):„Забранет е секаков вид дискриминација врз основа на причини како што се полот, расата, бојата на кожата, етничката или социјална припадност, генетските одлики, јазикот, религијата или верувањето, политичкото или друго мислење, припадноста кон национално малцинство, имотот, раѓањето, хендикепот, возраста или сексуалната ориентација.“

Европскиот Парламент (ЕП) усвои неколку (необврзувачки) резолуции за човекови права и сексуална ориентација, од кои првата, усвоена во 1984, повикува на крај на дискриминацијата на работното место врз основа на сексуална ориентација.Во 1994, Извештајот „Рот“ даде детали за разноликата дискриминација кон лезбијките и геј мажите во ЕУ и Парламентот усвои препорака за укинување на сите видови дискриминација врз основа на сексуална ориентација.Иако неговата моќ е ограничена, ЕП може да има значајно политичко влијание врз Советот и Комисијата, како што во 1999 од нив побара „да го отворат прашањето за дискриминација кон хомосексуалците за време на преговорите за членство, онаму каде што е потребно“.Во однос на проширувањето на Европската Унија, ЕП во 1998 усвои резолуција која вели дека „нема да даде согласност за влез во ЕУ на ниедна држава која преку своите закони или политики ги прекршува човековите права на лезбијките и геј мажите“.

Законите на Европската Унија ја смета дискриминацијата кон трансродовите лица како една форма на дискриминација врз основа на пол.Овој принцип беше воспоставен во Судот на Правдата во 1996, во случајот на П против С и Окружниот Совет на Корнвол, каде што беше пресудено дека отпуштањето на поединец кој го менува полот е незаконска дискриминација врз основа на нејзиниот пол.(Случај C-13/94,П против С и Окружниот Совет на Корнвол [1996] ECR I-2143).„Дискриминација врз основа на родов идентитет“ е терминот кој сега се користи за да се опише дискриминацијата кон трансродовите лица.

  

ОРГАНИЗАЦИЈА НА АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ (ОАС)

Првиот случај за човекови права и сексуална ориентација во Интер-Американскиот систем е оној на Марта Алварез која поднесе петиција против Колумбија пред Интер-Американската Комисија за човекови права (Веласкез Родригез против Хондурас, 1998).На неа и’ беше прекршено правото на еднаков третман поради одбивањето од затворските власти во Колумбија да и’ се дозволи посета на нејзината партнерка поради нејзиниот идентитет на лезбијка.Колумбиските закони велат дека посетите се право на сите граѓани, без разлика на сексуалната ориентација.


ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И СОРАБОТКА ВО ЕВРОПА (ОБСЕ)

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е најголемата регионална безбедносна организација во светот со 55 земји-учеснички од Европа, Централна Азија и Северна Америка.ОБСЕ беше создадено по Финалниот Хелсиншки Акт од 1975 кој содржи одредба за „почитување... на човековите права и основни слободи, вклучувајќи ја слободата на мислење, совест, религија и верување“, како и „еднакви права и самоопределба на луѓето“.

Парламентарното Собрание на ОБСЕ усвои декларација во Отава во 1995 со која се повикуваат сите земји-членки да овозможат еднаква заштита од дискриминација за сите, а сексуалната ориентација да биде една од основите за заштита од дискриминација.

Хелсиншкиот Комитет за човекови права во Македонија е еден од многуте комитети во светот кои се оформија за мониторирање на имплементацијата на овој акт.